По голманот Јан Женти, грчкиот вицепрвак АЕК Атина промовираше уште едно големо засилување за наредната сезона.
Станува збор за левото крило Адама Кеита, кој досега играше во ПСЖ. 27-годишниот Французин освои седум титули во домашното првенство, три трофеи во Купот, а четири пати со ПСЖ играше на завршните турнири во Лигата на шампионите.
Претходно АЕК реши да ангажира четворица грчки ракометари – десното крило Виктор Властос, кој по 12 години играње низ дански клубови се враќа во татковината, потоа средниот бек од Јоникос – Александрос Кукулас, средниот бек Димитрис Панајоту од Дукас и левото крило Армандо Сина од Драма.
Заминаа Малиос, Пападионисиу и Илиопулос, како и Мандалиниќ, Соколиќ, Лемос, Тике, Јонсон, Беласен и Том.
Своето деби за новиот клуб, француското лево крило ќе го има на Струшкиот турнир, кој стартува на 14 август.