Во рамките на подготовките за Олимписките игри во Париз, домаќинот Франција ќе гостува во Германија и ќе одигра пријателски натпревар денеска од 17:40 часот.
Натпреварот меѓу двете велесили се игра во „Вестфален Арена“ во Дортмунд, а ќе мине со арбитража на најдобриот судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Ова ќе биде последно гостување како активен играч на Никола Карабатиќ во Германија, кој после ОИ ја завршува кариерата.
Николов и Начевски ќе судат и на Олимписките игри во Париз, па не е исклучена можноста да бидат арбитри и на последните натпревари на легенди како Карабатиќ или пак Микел Хансен.
Машкиот турнир на Олимписките игри стартува на 27 јули, а големото финале е планирано за 11 август.