Поранешниот член на Тиквеш, Арнад Хамзиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик на интернационално ниво.
Левиот бек од Австрија ќе се пресели во Романија и таму ќе настапува за амбициозниот тим на Васлуи.
Босанскиот интернационалец, кој во суперлигашот од Кавадарци настапуваше во сезона 2022/23, беше претставен како големо засилување.
Хамзиќ во изминатата сезона го носеше дресот на Линц и со овој тим стигна до шампионска титула во националниот шампионат.
Пред извесен период со Васлуи потпиша и довчерашниот голман на Пролет, Данило Михаљевиќ.