Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра против екипите на ПСЖ, Веспрем, Висла Плоцк, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт и Фредериција.
Од германскиот вицепрвак Фуксе Берлин се задоволни и среќни по добивањето на ривалите.
„Добивме група што го ветува токму тоа за што се игра Лигата на шампионите – многу емоции и одлична атмосфера, возбудувања и атрактивен ракомет. Ќе играме против некои тимови што добро ги познаваме. Сме играле со сите претходно, но пак ќе имаме големи предизвици. Можно е се да се случи, да бидеме втори во најдобар случај и седми или осми во најлош случај“, вели тренерот Јарон Сиверт.
Пелистерци ќе се соочат со Фуксе Берлин на гостински терен на 23/24 октомври, додека во Битола ќе играат против „лисиците“ на 27/28 ноември.