Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае ривалите во групата од новата сезона во Лигата на шампионите.
Пелистерци се наоѓаат во третиот шешир во рангирањето, но тоа и не игра некоја голема улога, затоа што сите ривали што може да ги добијат се силни, можеби со исклучок на данската Фредериција.
Најпрво шесте екипи ќе бидат извлечени на позициите А1, Б1, А2, Б2, А3, Б3, а потоа екипите од вториот шешир ќе бидат распределени на следните позиции – А4, Б4, А5, Б5 и А6 или Б6, а една од овие две ќе остане празна и ќе биде пополнета со екипа од третиот шешир.
Ако Магдебург се падне во група А, тогаш автоматски Фуксе Берлин оди во групата Б, а тоа ќе се повтори и за екипите од Полска, Данска, Унгарија и Франција.
Екипите од третиот шешир ќе бидат влечени на крајот и ќе бидат позиционирани на позициите А6 или Б6, како и А7, Б7, А8 и Б8.
шешир 1: Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем, ПСЖ
шешир 2: Фуксе Берлин, Келце, Фредериција, ПИК Сегед, Нант
шешир 3: Еурофарм Пелистер, Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг, Колстад
Ждрепката за групите ќе се одржи денеска со почеток во 17:30 часот во Виена.