Женската младинска репрезентација на Македонија се пласираше во главната рунда на Светското првенство во Скопје.
Следни предизвици за избраниците на Дарко Јанев се селекциите на Португалија и Црна Гора, кои ги освоија првите две места во групата Г.
Португалките и Исланд во групата 4 ќе стартуваат со по два бода, додека Црна Гора и Македонија се без бодови.
Македонија денеска ќе има ден за одмор, а утре младинките од 16:15 часот ќе се сретнат со Португалија, додека на 25 јуни ќе играат со Црна Гора од 20:15 часот.
Ако сакаат да ги задржат шансите за четвртфинале, нашите младинки мора да ја победата Португалија.