Новиот селектор на машката младинска репрезентација на Хрватска, Борис Дворшек, кој дојде место Крешо Иванковиќ, го објави списокот на ракометари кои денеска ги стартуваа подготовките за настап на Европското првенство.
Хрватска, која е ривал на Македонија на ЕП, ќе стартува со тренинзи со 24 ракометари во Иваниќ Град, а првата фаза од подготовките ќе трае до 29 јуни.
На списокот се голманскиот пар Херцег и Матошевиќ, како и Чаприќ, кој летово направи трансфер во Бундес лигата, потоа Иванковиќ, Молц…
Во рамките на оваа фаза ќе бидат одиграни две пријателски средби – против Унгарија на гостински терен на 27 јуни, додека следниот ден на домашен терен против селекцијата на Словенија.
По два дена одмор, од 1 јули Дворшек одново ќе ги собере своите избраници откако ќе го скрати списокот на 18 ракометари. И во оваа фаза хрватските младинци ќе одиграат две пријателски средби.
Хрватите стартуваат со дуел против Австрија на 10 јули, а пресметката со Македонија ќе ја имаат на 11 јули.