Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време повторно допатува во Скопје.
Таа дојде на прославата за 15 години од европската титула на Кометал Ѓорче Петров во 2017 година, а сега е дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на Романија, која ќе игра на СП во Скопје.
Романките веќе допатуваа во Скопје, играат на пријателскиот турнир во Автокоманда, а Дину e тренер на голманите и дел од стручниот штаб на селекторката Симона Мајор.
Дину беше меѓу најзаслужните за европската шампионска титула на Кометал Ѓорче Петров во 2002 и триумфот во двомечот со унгарскиот Херц Ференцварош.
По заминувањето од Скопје се врати во Крим, каде одново освои европска титула во 2003 година, а се пензионираше во 2009 година како голманка на Валчеа.