Средниот бек на Тиквеш, Страхиња Симиќ, е на листата на желби на романскиот тим Стеауа Букурешт, пишува „ГСП“.
Симиќ, заедно со Марко Давидовиќ од словачкиот Татран Прешов, биле приоритети на романскиот тим кој одамна се обидува да се старите славни патеки, но не успева.
Во Стеауа Букурешт настапуваат некогашните членови на Металург и Пелистер – Милан Поповиќ и на Вардар – Немања Грбовиќ.
Српскиот плејмејкер Симиќ минатата сезона потпиша нов договор со Тиквеш до 2026 година, а кавадаречкиот клуб сигурно нема да се откаже од неговите услуги и тој ќе продолжи да го носи „црвено-белиот“ дрес.
Симиќ дојде во Кавадарци од Шпанија, каде беше дел од Кангас и Виља Де Аранда, остави одличен впечаток и веднаш стана миленик на навивачите.
Во Кавадарци допрва треба да дојде нов стратег на местото на Раде Стојановиќ, а клубот ќе се пријави за вајлд-карта во Европскиот Куп претстојната сезона.