Машката репрезентација на Македонија ги дозна ривалите на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.
Нашите ракометари ќе играат во Вараждин против селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Селекторот на Унгарија, Чема Родригез е задоволен од добиената група.
„Можеби имавме повеќе среќа од претходните пати, има посилни групи од нашата, но секако наша цел е да ја освоиме нашата група и да освоиме што е можно повеќе бодови. Почнуваме со Македонија, репрезентација што игра добро „еден на еден“ и може да игра добро „седум на шест“, и може да биде тежок ривал. Не ја познаваме Гвинеја, но треба да ја победиме. Не сме се сретнале со Холандија по тешкиот пораз дома на ЕП 2022, но време е да покажеме што знаеме пртив нив. Среќен сум што ќе играме во Вараждин и многу наши фанови ќе не бодрат“, изјави Родригез.
Mакедонија го стартува СП со пресметка против Унгарија на 15 јануари, на 17 игра против Холандија, додека на 19 јануари ја затвора прелиминарната рунда против Гвинеја.