Тимот на Тиквеш влегува со големи амбиции и наредната сезона во суперлигашкото друштво, а посакува вторпат да се проба и на меѓународна сцена.
Oткако беше потврден ангажманот на новиот тренер Драган Марковиќ-Марка, раководството полека го склопува ростерот за новите предизвици.
Продолжени се договорите со тројца ракометари од бековската линија – Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Ани Обина.
Манасков, кој одигра одлично минатата сезона останува уште две сезони во Кавадарци, исто колку и десниот бек Ани Обина.
Нов договор на една сезона потпиша и средниот бек Срѓан Мијатовиќ, додека кавадарчани се разделија со голманот Јанко Гемаљевиќ и пивотот Никола Стефановиќ.
Тиквеш како дел од подготовките за претстојната сезона ќе биде дел од новото издание на Струшкиот турнир.