Тимот на Веспрем со триумфот над ПИК Сегед од 35:28 се наоѓа на чекор до одбраната на шампионската титула во националниот шампионат.
Избраниците на Момир Илиќ на првиот натпревар од финалната серија во најквалитетното натпреварување во Унгарија не наидоа на никаков опор од страна на ривалот.
Веспрем победата ја обезбеди уште во првиот дел, кој го доби со шест гола разлика, 19:13.
Предводници во победата на Веспрем беа Омар Јахија со осум и Никита Вајлупов со четири погодоци.
Реванш дуелот меѓу двата најдобри унгарски клубови е закажан за 29 мај, по што ќе се знае дали Веспрем ќе остане на унгарскиот трон.