Некогашниот шампион Вардар почна со градењето на тимот за наредната сезона и продолжување на договорите со ракометарките од актуелниот ростер.
Прва која ја продолжи соработката со „црвено-црниот“ тим е одличниот среден бек Симона Василева.
Од Вардар информираат дека се задоволни од нејзините перформанси, залагање и прикажани игри во првата заедничка сезона.
Оваа 22-годишна ракометарки е една од најважните алки во тимот предводен од Анжела Платон, кој го очекува голем предизвик и настап на Ф4 во Купот.