Македонската репрезентација ја очекува бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Мундијалот во 2025 година.
Избраниците на Кире Лазаров веќе тренираа во салата „Холин А Халси“, каде утре ќе се игра натпреварот.
Лазаров реши да носи 21 ракометар во Торшавн, а утре ќе одлучи кои 16 ракометари ќе бидат во ростерот, а кои петмина ќе бидат на трибини.
Првата средба се игра од 20:00 часот, додека реваншот ќе биде на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“.