Кадетите и младинците од денеска со старт на мисијата „ЕП 2024“

Покрај сениорската репрезентација на Македонија, претстојниот период ќе бидат активни и кадетите и младинците, кои денеска стартуваат со тренинзи во рамките на ЕХФ неделата.

Кадетите на Наум Танески ги очекуваат контролни натпревари против селекциите на Австрија и Словенија.

Младинците на Раде Стојановиќ ќе се соочат два пати со репрезентацијата на Словенија, која ќе биде домаќин на претстојното ЕП.

Сите четири натпревари ќе се играат на 10 и 11 мај во словенечкиот град Зрече, а тие се дел од подготовките  за континтеналните собири.

Кадетското ЕП ќе се игра во Црна Гора од 7 до 18 август, а Македонија е во група со Германија, Франција и Полска, додека младинското ЕП е на програмата во Словенија од 10 до 21 јули, а нашата селекција ќе игра против Хрватска, Црна Гора и Австрија.