Екипите на Фленсбург и Динамо Букурешт се првите патници на Ф4 турнирот во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.
Иако Фленсбург на реванш дуелот од четвртфиналето доживеа пораз од Савехоф од 29:28, сепак, поради убедливата победа од првиот дуел од 41:30 си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи.
Амбициозниот тим на Динамо Букурешт, кој атакува на освојување на трофејот, го доби и вториот четвртфинален дуел против Скјерн, овојпат победи со 38:24.
Во терминот од 20:45 часот ќе играат екипите на Нант и Фуксе Берлин, односно Спортинг Лисабон и Рајн Некар.
Ф4 турнирот во Лигата на Европа ќе се одржи во периодот од 25 до 26 мај во Хамбург. Ланската сезона титулата ја освои Фуксе Берлин, второпласиран беше шпанскиот Гранољерс.