Бутел се закани, но не можеше да го сопре тиквешкото славје

Тиквеш со сигурна победа на домашен терен против Бутел од Скопје, со резултат 28-23, останува во чекор со водечките екипи од македонската Суперлига. Иако домашниот тим имаше проблеми на стартот на натпреварот со гостинските ракометари кои ја имаа иницијативата и минималното водство, успеаа во финишот на првиот дел да ги променат улогите, а вториот дел го одиграа на вистинско ниво за сигурна победа против незгодниот ривал.

Составот предводен од Горан Кузманоски влезе мотивирано на овој дуел, па иако Тиквеш имаше почетна предност од 4-2 ги изненади опуштените домаќини и ја презема играта и контролата над резултатот. До средина на првиот дел гостите од Скопје имаа предност од 8-6. Двата гола позитива бутелци ги одржуваа до 26 минута, кога следуваше комплетен пресврт на натпреварот. Последните минути од првото полувреме им припаднаа на домашните ракометари кои искористија низа грешки на противникот и со низа од 3 гола го вратија минималното водство за конечни 13-12.

Слично како во првиот дел, Тиквеш прв постигна гол по паузата, Бутел возврати, но во наредните минути немаше одговор за добрата игра на противникот па домашните можеа да воздивнат на комотна предност од три голови. До 40 минута Тиквеш ја постави и највисоката разлика од „плус пет“, но до крајот на дуелот Бутел не се предаде. Во финишот на пет минути до крајот гостите успеаа да ја преполоват разликата, но немаше повеќе време за сензација. Мирната рака на домашните ракометари и рутинската завршница му донесоа нови три бода на Тиквеш кој го заврши овој дуел победнички со резултат 28-23.

Играч на натпреварот беше Срѓан Мијатовиќ кој постигна 10 голови, а го следеше Коцев кој постигна 3. Јефтиќ со 7 голови ја предводеше листата стрелци на Бутел.

ПозЕкипаGDНПРЛБ
18614130141
2-511430119
3-1301400140