Ракометарките на Спартак прославија триумф над Гевгелија со убедливи 22 гола разлика, 52-30, во натпревар од 21 коло во Женската лига.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраничките на Велимир Мицевски водеа со 28-16.
Второто полувреме беше само формалност, шанса за настап добија сите ракометарки од двата тима и се играше без одбрана.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Мемов со 13 погодоци и Марија Петковска со десет, додека Симона Динева даде 12 за Гевгелија.
На табелата, Спартак се израмни со Деспина на деветтата позиција со 22 бода, додека Гевгелија останува на последното место со три бода.