Екипата на Металург Автокоманда во натпревар од 21. коло од Женската лига без проблеми одигра против Шампион и издвојува убедлива победа од 45:19.
Сара Миновска и Таида Беровиќ беа доволни за победа на новакот, двете ракометарки постигнаа вкупно 21 гол во мрежата на ривалот.
Избраничките на Јулијана Дамчевска победата ја најавија уште во првиот дел, се одлепија на 11:2, на пауза имаа предност од 17:9 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Левото крило Миновска постигна 11 погодоци, еден помалку имаше Таида Беровиќ, а осум пати во листата на стрелци се запиша Миа Маринчов.
Кај поразенот табор со по седум погодоци се истакнаа Ангела Петровска и Марија Бојковска.