Кузмановски: Горд сум на моите соиграчи, им ветив на „Чкембари“ титула!

Екипата на Еурофарм Пелистер направи голем чекор кон одбраната на трофејот во суперлигашката конкуренција, откако славеше на гостувањето кај Охрид со 29:22.

Со овој триумф битолчани пак се лидери на табелата и имаат два бода предност во однос на поранешниот првак Вардар.

Предводник во убедливата победа на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, кој постигна десет погодоци.

Капитенот на македонскиот шампион за 24Ракомет ги сподели првите впечатоци по можеби најважната победа во тековната сезона.

,,Горд сум на овие момци, после поразот од Вардар работевме напорно, сплотени сме како екипа, живееме сите заедно, сонуваме за пехарот и морам да ги пофалам Чкембарите, дојдоа во голем број да не бодрат, јас им ветив дека ќе ја освоиме титулата, тоа за нив е награда, за нашиот град, за управата, честитки до мојот тим и тренерот. Ни преостануваат уште неколку натпревари, ќе продолжиме во исто темпо и ќе работиме напорно. Нашата транзиција денеска беше како што посакувавме и затоа можеби малку голови постигнавме против Вардар, но сега одиме напред, ќе ја славиме оваа победа, потоа не очекуваат уште неколку натпревари, ќе влеземе со сериозен пристап на сите од нив, никој не потценуваме, изненадувања постојат во ракометот, не сакам да мислам на тоа, мислам само на победа и како што се подготвуваме за ЛШ, така се подготвуваме и за македонска лига”, изјави Кузмановски.

Еурофарм Пелистер до крајот од сезоната треба да игра уште со екипите на Пролет, Тиквеш, Алкалоид и Струга.

 

Кузмановски „капитенски“ го водеше Еурофарм Пелистер до триумф во Охрид