Грчевски: Можеше да биде и подобро, но и полошо – ќе се обидеме да ја поминеме групата

Женската репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите на претстојното Европско првенство 2024.

Ракометарките на Македонија ќе играат во групата А во градот Дебрецин против селекциите на Унгарија, Шведска и Турција.

Селекторот Кристијан Грчевски ги сподели првите впечатоци по добиените ривали на континенталниот собир и најави добро претставување на ЕП.

,,Ждрепката по мене можеше да биде и подобра, но и полоша. Секако дека ќе се обидеме да ја поминеме групата. Распоредот е по мерка, прв натпревар за да го скршиме мразот играме против фаворитот Шведска, на вториот против Турција одиме на победа, со која би биле во игра за пласман во следната фаза и со една добра атмосфера доколку издвојуваме победа, одиме на Унгарките, кои се домаќини и тоа ќе биде меч каде што ќе нема што да изгубиме, Ќе се обидеме да се подготвиме подобро, како тактички, така и физички. Се надевам дека сите девојки се свесни за тоа што ни следува и дека ќе работат на едно високо ниво и во периодот пред Европското ПРВЕНСТВО. Освен Шведска, за другите две селекции ќе се потрудиме да дојдеме до што повеќе материјали за да можеме да ги анализираме”, изјави Грчевски за 24Ракомет.

Македонија во првото коло ќе се соочат со Шведска, потоа во второто коло ќе играат против Турција и последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против домашната селекција.

 

Македонија на ЕП отвора со Шведска, на крај игра со домаќинот

 

Во продажба билети за ЕП 2024 – гледајте три натпревари на Македонија за 50 евра!

 

Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!