Легендарниот Уве Генсхајмер наскоро ќе се врати на терените и активно ќе ја заврши играчката кариера, откако најави дека ова му е последна сезона во кариерата.
Повредата на коленото и операцијата минатото лето, беше пречка за љубителите на ракометот да уживаат во мајсториите на еден од најатрактивните ракометари.
Генсхајмер се врати во тренажниот процес на Рајн Некар Левен, но се уште не е познато кога ќе игра натпревари.
„Мојата цел е да се простам на теренот. Благодарејќи на рехабилитацијата успеав повторно да се вратам“, изјави Генсхајмер.
Рајн Некар Левен до крајот на сезона има за играње уште десет натпревари, па веројатно Генсхајмер ќе одигра дел од нив.
Тој е шести најдобар стрелец на вечната листа на Бундес лигата. Дел од кариерата мина во дресот на ПСЖ, додека пред и потоа е дел од „лавовите“.