Екипата на Пролет, која денес беше поразена од Вардар во рамки од второто коло од плеј-офот, има нов играч во своите редови.
Станува збор за довчерашниот голман на Аеродром, Мартин Павличковски, кој во својот поранешен клуб имаше солидни партии во првиот дел од сезоната.
Павличковски во продолжението од сезоната заедно со црногорскиот интернационален Данило Михаљевиќ и Андреј Петковски ќе го сочинуваат триото голмани во тимот на Јовиќ.
Раководството на Пролет добро знае со што располага Павличковски, бидејќи голманот еден период бранеше за младинската екипа на неговиот сегашен клуб.
Младиот голман во својата кариера беше дел и од екипите на Голден Арт и Металург, а во претходната сезона имаше голем придонес во пласманот на Аеродром во суперлигашката конкуренција.