Легендарниот словенечки ракометар Драган Гајиќ преку социјалните мрежи објави дека на крајот од тековната сезона ќе ја заврши својата богата кариера.
Поранешниот репрезентативец на Словенија во текот на 2020 година од унгарскиот гигант Веспрем направи трансфер во Лимож.
Токму Лимож ќе биде последниот клуб во кариерата на Гајиќ, кој на Светското првенство во 2015 година го доби признанието за најдобро десно крило.
,,Одлуката не беше лесна. За мене ракометот е повеќе од спорт. Тоа беше мојата страст, начин на живот и неверојатна авантура што ја обликуваше мојата личност во секој поглед. Чувствувам дека сѐ уште можам да играм, а ги исполнив сите мои цели во кариерата, па верувам дека е време да им се даде простор на другите генерации“, стои во дел од соопштението на Гајиќ.
39-годишниот ракометар 16 години беше репрезентативец на Словенија и националниот дрес го носеше во периодот од 2005 до 2021 година.
Во 2015 година на Светското првенство освен што беше избран во идеалниот тим, ја доби наградата и за најдобар стрелец.
„Мистер гол“ – Драган Гајиќ стигна до 1000 погодоци во Франција