Екипата на ПСЖ, која е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во ЛШ, во Битола ќе настапи без еден од лидерите, десниот бек Доминик Мате, кој најверојатно нема да ја доигра сезоната во дресот на „светците“.
Унгарскиот репрезентативец за време на Европското првенство во Германија заработи повреда на коленото. По направените прегледи било утврдено дека денсиот бек ќе мора да оди на операција.
Мате во следната сезона ќе биде дел од полскиот гигант Келце и неговата желба беше успешно да го заврши својот претстој во францускиот клуб. Сѐ уште не е познато колку ќе трае паузата на паузата на актуелниот член на ПСЖ.
ПСЖ на 4 февруари го очекува дуел против Ним во рамки од Купот на Франција, додека на 9 февруари игра со Шарт во домашниот шампионат.
Гонзалез и неговиот состав на 14 февруари ќе му гостуваат на актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите.