Лидерот на Швајцарија уверен: Можеме да ја победиме Германија

Репрезентацијата на Швајцарија е еден од учесниците на Европското првенство во Германија.

Ракометарите на Швајцарија ќе настапат во група со Македонија, Франција и домашната репрезентација.

Предводникот во редовите на Швајцарија, Едни Шмид, кој сѐ уште игра во одлична форма, е голем оптимист пред настапот на Европското првенство, посебно за дуелот со домаќините.

Иако заедно со неговите колеги ќе играат пред 50.000 публика во „Меркур Арена“ во Диселдорф, легендарниот ракометар верува во позитивен резултат против германците.

„Можеме да победиме против Германија. Јас сум 100% сигурен во тоа, но можеме и лесно да изгубиме“, изјави Шмид.

40-годишниот ракометар заедно со Никола Билик и Мануел Зендер ќе бидат најголемите адути на селекторот Михаел Сутер.

Легендарниот Шмид и на 40 години е страв и трепет