Екипата на Партизан, која во новата натпреварувачка сезона влезе со амбиции да се вмеша во борбата за титулата на домашна сцена, ќе биде посилна со Немања Обрадовиќ.
Искусниот ракометар, кој настапува на левата бековска позиција, во Партизан ќе пристигне од унгарскот суперлигаш Татабања. Повремениот репрезентативец на Србија во Татабања настапуваше од минатата сезона.
Обрадовиќ во својата кариера по една сезона беше дел од екипите на Металург и Еурофарм Пелистер. Со Металург играше во Лигата на шампионите, додека со битолскиот тим беше дел од Лигата на Европа.
Во српскиот шампионат, односно на почетокот на неговата кариера, ги носеше дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика Шабац, додека на интернационално ниво настапуваше и за Загреб, Висла Плоцк, Мешков Брест и Валанс.
Партизан на позицијата лев бек ги има на располагање младите Лука Бајрактаровиќ и Немања Пештиќ.