Медиа тимот на ЕХФ ги избра најубавите пет погодоци откако се одигра 10 коло во Лигата на шампионите, последно за оваа година.
Меѓу нив се најде и „вртенката“ на Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер, кој загуби на домашен терен од Загреб со 23-22.
Иако немаше добар агол, сепак српскиот репрезентативец се обиде и постигна убав погодок во голот на одличниот Мандиќ.
Во ТОП 5 голови на колото, покрај Радивојевиќ се најдоа и погодоците на Дамке, Шоштариќ, Ричардсон и Пранди.
Сите погодоци погледнете ги ТУКА.