Во терминот од 18:00 часот се одиграа два натпревари од главната фаза на Светското првенство 2023.
Во рамки од втората група, еден од фаворитите на Мундијалот, репрезентацијата на Франција, дојде до четврт триумф, откако беше убедлива против Австрија со 41:27 (25:14).
Французинките сега за момент го презедоа лидерското место во својата група, имаат шест бода, додека по четири бода имаат Словенија и Норвешка, која има натпревар помалку.
Франција за следен ривал од главната фаза ја има незгодната Јужна Кореја, додека Австрија ќе се соочи со Ангола.
Во дуелот меѓу Аргентина и Шпанија на победа се радуваше „црвената фурија“, триумфираше со 30:23.
Аргентина го доби првото полувреме со 13:12, но во вториот дел пресуди квалитетот и искуството на шпанската селекција.
Шпанките на вториот дуел од главната фаза ќе играат против Чешка. Аргентина за следен ривал го има Бразил, кој вечерва со почеток од 20:30 часот ќе игра со Холандија.