Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, продолжува со одличните настапи во Асобал лигата.
Ваљадолид во натпревар од 13. коло во најквалитетното натпреварување во Шпанија триумфираше над Синфин со три гола разлика, 29:26 (17:19).
Димитриевски беше меѓу најдобрите стрелеци на теренот, постигна четири погодоци од пет обиди, додека Димитриоски немаше реализација.
Најефикасен во составот на Ваљадолид беше екс ракометарот на Вардар, Жозе Толедо, кој зад своето име запиша седум погодоци.
Со новите освоени бода Ваљадолид останува меѓу најдобрите пет екипи во Шпанија, моментално се наоѓа на 4. позиција со 16 бода.