Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, поднесе оставка од селекторската позиција на Иран по 20 месеци работа, пишува „Балкан Хендбол“.
Тој се одлучи на ваков потег уште по квалификациите за Олимписките игри на Азискиот континент, а поради политичките тензии на Блискиот исток, кои се пречка за остварување на зацртаните цели и планови.
Од иранската федерација не ја прифаќаа оставката на Вујовиќ, но тој остана на ставот дека нема да се враќа во Техеран.
Нов предводник на Иран ќе биде Маиди Рахимизадех, кој досега беше селектор на младинската селекција.
Вујовиќ со Иран имаше добар настап на СП 2023, каде за првпат ја однесе азиската репрезентација во втората рунда.