Женската сениорска репрезентација на Црна Гора веќе ги започна подготовките за настап на Светското првенство 2023.
Црна Гора на Мундијалот ќе патува без искусната Милена Раичевиќ, која не се најде на списокот кај селекторот Бојана Поповиќ поради настанатата ситуација во Будуќност.
Како што е познато, довчерашната капитенка на Будуќност беше суспендирана од црногорскиот првак, бидејќи реши да го тужи клубот поради ненаплатени побарувања.
Тужбата на Раичевиќ за ненаплатените побарување се по основ на договорот што бил склучен со претходната претседателка на клубот, Радмила Петровиќ, во сезоната 2020/21, во која не играше воопшто, бидејќи беше трудна.
Бојана Поповиќ, која освен што е селектор на Црна Гора, го предводи и Будуќност, истакна дека во овој момент не е возможно да се соработува со Раичевиќ.
,,Јас сум селектор. Списокот го составив размислувајќи што е најдобро за репрезентацијата и што е најдобро за тоа што планирам да го правам. На списокот се девојките на кои најмногу им верувам, а довербата е прва и најосновна работа. Тоа е она што го правам. Во овој случај ова е професионална одлука, немам ништо против Милена. Едноставно, таа доверба со нејзе дефинитивно е изгубена во последниот месец. Секако дека Милена направи многу за репрезентацијата… Се случувало на списоците на репрезентации во другите спортови да не се најдат најголемите ѕвезди. Бензема е првиот, Теодосиќ вториот пример. Соработка поради недоверба е невозможна. Подобро сега да бидам искрена и отворена“, рече Поповиќ.
По изјавата на Поповиќ, преку социјалните мрежи се огласи и Раичевиќ. истакнувајќи дека нејзината репрезентативна кариера не е завршена.
,,Свесна сум дека со нејзината одлука завршија моите соништа за светско првенство, но на сите им ветувам дека допрва ќе продолжам да ги сонувам моите соништа и дека мојата репрезентативна кариера не е завршена, кој и да стои на селекторската функција”, стои во дел на објавата од искусната ракометарка.
View this post on Instagram
Се разгореа страстите во Црна Гора – Поповиќ ја „прецрта“ Раичевиќ за СП
Шок во Будуќност: Милена Раичевиќ поднесе тужба, клубот ја отстрани од првиот тим!