Грчкиот шампион ПАОК, каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска, ја забележа четвртата победа во тамошниот шампионат.
ПАОК Солун без особени проблеми славеше на гостувањето кај Катамеро со убедливи 16 гола разлика, 35-19.
Тренерот на ПАОК ја распредели минутажата кај сите ракометарки, а Боризовска беше меѓу најдобрите со три погодоци.
ПАОК претходно ги доби дуелите со Александрос, Атинаикос и Пилаја, а следниот натпревар го игра дома со Анагениси Артас.