Димитриевски меѓу главните во победата на Ваљадолид против Бенидорм

Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат двајцата интернационалци од Македонија Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, во натпревар од 9. коло од Асобал лигата славеше против тимот на Бенидорм со 31:30.

Димитриевски против ланскиот учесник од Лигата на Европа одигра одличен натпревар. Велешанецот во својот тим беше меѓу главните стрелци и во мрежата на гостите запиша четири погодоци од пет обиди.

Левото крило Димитар Димитироски не настапи во дуелот против Бенидорм, додека десниот бек Жозе Толедо, кој исто така во својата кариера играше во дресот на Вардар, еднаш се запиша во листата на стрелци.

Ваљадолид со новата победа останува во игра за втората позиција во најквалитентото натпреварување во Шпанија, моментално е на четвртото место и на свое конто има 12 бодови.

Следен предизвик за тимот на Давид Писонеро е дуелот против екипата на Нава, која се наоѓа во долниот дел на табелата.