Шведскиот интернационалец Елиот Стенмалм ќе го напушти полскиот шампион Келце, пишува „Преглед Спортови“.
Тој дојде во Келце како голем талент на европскиот ракомет и Талант Душебаев имаше големи очекувања од него.
Сепак плејмејкерот се соочуваше со проблеми уште од стартот на престојот во Келце, најпрво здравствени, потоа и играчки, па не успеа да го покаже својот потенцијал.
21-годишниот Стенмалм најверојатно ќе се врати во татковината, во дресот на Иштад, каде што игра неговиот брат Филип Стенмалм.
Дали се работи за позајмица или за трансфер, не е прецизирано во информацијата на полскиот медиум.
Келце на неговата позиција ги има Игор Карачиќ, Хаукар Трастарсон и Микал Олејничак, a таму можат да покријат и Даниел Душебаев и Симон Шичко.