Ристовска без грешка во дербито против Ростов Дон

Македонската репрезентативка Сара Ристовска продолжува со одличните настапи во дресот на ЦСКА Москва.

Тимот на Ристовска во натпревар од 11. коло во рускиот шампионат за ривал го имаше директниот конкурент за првата позиција, тимот на Ростов Дон.

Московската екипа загуби со два гола разлика, 26:24, но и покрај поразот останува во игра за шампионската титула.

Ристовска во дуелот со Ростов Дон одигра без грешка, постигна четири погодоци од исто толку обиди, а на теренот мина 30 минути.

Победничката екипа беше предводена од Кристина Кожокар, која имаше девет реализации, додека во поразениот табор се истакна Елена Михаиличенко со ист број на погодоци, односно девет.

ЦСКА Москва, моментално, се наоѓа на второто место во Русија, на свое конто има 18 бода, додека актуелниот лидер Ростов Дон со денешната победа стигна до 20 бода.