Машката младинска репрезентација ја доби првата од двете најавени пријателски средби со 15 гола разлика, 34-19.
Избраниците на Раде Стојановиќ го решија победникот уште во првото полувреме, кога водеа со седум гола разлика, 18-11.
Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ.
Втората пресметка меѓу Македонија и Турција ќе се игра во текот на утрешниот ден со почеток во 16:00 часот.
Овие контролни натпревари се дел од подготовките на младинците за настап на Европското првенство 2024 година во Словенија следното лето.