Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа кај дамите.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски патуваат во Германија, во градот Бенсхајм, каде ќе го судат првиот двобој меѓу Бенсхајм и Олденбург.
Овој натпревар се игра на 11 ноември со почеток во 18:00 часот, а делегат ќе биде Бремер од Полска.
Исмаил Металари и Ненад Николовски патуваат во Данска, во Фредериксберг, каде ќе го судат реваншот меѓу Копенхаген и Малага.
Овој дуел е на програмата на 19 ноември со почеток во 18:00 часот, а делегат ќе биде Вагволѓ од Унгарија.