Борзаш: Горд сум на момците – ќе продолжиме да работиме за победа во ЛШ

Еурофарм Пелистер со пресврт во второто полувреме на дуелот со Киелце донесе и драма и вжештене атмосфера во Битола, покажувајќи повторно дека македонскиот првак е прашање н авреме кога ќе победи во Лигата на шампионите. Сега полски Киелце триумфираше во Битола, 24-21, но во завшницата беше неизвесно.

Српксиот интернационалец Урош Борзаш ги пофали своите соиграчи по натпреварот, иако не успеаја да освојат бодови. Но, најави дека тоа сигурно ќе се случи наскоро.

„ Горд сум на момците, губевме константно со 6-7 гола во првото полувреме, а потоа добро игравме и покажавме дека имаме квалите. Секао дека можеше и подобро. Особено во второто полувреме бевме добри. Гостите се поискусни, секој мал детал што го видоа во нашата игра знаеја да го искориостат. Тоа ни фали нас, искуство. Ние треба да продолжиме да работиме во иднина. Резултатот секако ќе дојде, вели Урош Борзаш,

Со нов тренер и со „потресот“ што го имаа во екипата, Еурофарм Пелистер покажа дека ја надминаа кризата од пред неколку денови. Го победија Вардар во домашното првенство, ама не ја остварија целта да биде таа разлика повеќе од пет гола.

„Ни падна тешко тој натпревар, победивме а пак не ја оствари целта. Влијаеше тоа на нас, и психички, п аи физички се исрпевме. Но горд сум на момците. Ќе се обидеме да победиме, ако не ќе одиме на другите полиња да биде најдобри, вели Борзаш.

Најави левиот бек дека им останува само да продолжат да работат.

„Очекувате од нас да покажеме максимум, и ќе се бориме за сите нас, за навивачите. Драго ми е што игравме се подобро. Иако засега не одат работите како што сакаме, ние ќе продолжиме да се бориме, вели Борзаш.

Сега има пауза бидејќи е ЕХФ недела, а потоа битолчани гостуваат во Унгарија кај ПИК Сегед.

Еурофарм Пелистер храбро се бореше до крај, но Келце ги однесе бодовите