Македонија во Литванија по заверка на билетот за седмото ЕП

Женската репрезентација на Македонија утре во Виљнус ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година против селекцијата на Литванија.

По убедливиот триумф над Азербејџан со 40-17, Македонија има шанса со бодови во Литванија практично да го завери билетот за континенталниот собир.

Ако освоиме бодови во Литванија, во март догодина ќе се играат средбите со првиот фаворит Шпанија за првото место во групата.

Македонија досега има шест настапи на ЕП (1998, 2000, 2006, 2008, 2012, 2022), а најголем успех е седмото место на домашното ЕП во 2008 година.

Натпреварот меѓу Литванија и Македонија се игра утре во „Авиа Солушнс Арена“ од 15:00 часот.