За најсмешни видео инсерти – наместо колешката, ja “проигра” судијката! (ВИДЕО)

Со вчерашниот натпревар меѓу Романија и БиХ започнаа квалификациите за Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Иако Романија оствари убедлива победа над БиХ, триумфираше со 49:17, натпреварот го одбележа гафот на репрезентативката на БиХ, Матеа Шумељ.

Имено, пикерот Шумељ во текот на првиот дел при напад на нејзината репрезентација, наместо колешката, ja “проигра” една од словачките судијки, кои ја делеа правдата на тој меч.

Како што е познато, 11 октомври е меѓународниот ден на судиите, па така од Европската ракометна федерација (ЕХФ) се пошегуваа на социјалните мрежи.

Погледнете…