Женската репрезентација на Македонија забележа рекордна победа во квалификациите за континенталните собири, откако славеше со 23 гола против Азербејџан.
Досегашниот рекорд од 2000 година, кога Бугарија ја совладавме со 37-23 на домашен терен, беше израмнет во 2010 година, кога на гости ја победивме Литванија со исто толкава разлика, 33-19.
Рекордот сега е подобрен за девет гола, но Азербејџан не е мерило за квалитетот на Македонија, па посериозен испит ќе следуваме во март 2024 година кога ќе бидат одиграни двата меча со Шпанија, која е прв фаворит во нашата квалификациска група.
Во меѓувреме за Кристијан Грчевски и неговите избранички ќе следува пат за Виљнус, каде што в недела од 15:00 часот ќе се одигра вториот меч од квалификациите за ЕП 2024 година.
Литванија, која игра со подмладен ростер загуби кај Шпанија со 33 гола разлика, 47-14, па Македонија ќе ја има првата меч топка уште в недела со една нога да зачекори кон ново учество на ЕП.