Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој досега има три порази, во четвртата рунда гостува во Париз кај ПСЖ.
ЕХФ ги делегираше турските арбитри Ердоган и Оздениз за овој натпревар, додека делегат ќе биде Визитиу од Молдавија.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Пјер Де Кубертен“ во Париз на 12 октомври со почеток во 20:45 часот.