Екипата на Магдебург, која во минатата сезона ја освои титулата во ЛШ, по два порази конечно се израдува на победа во елитата.
Магдебург во третото коло за ривал го имаше тимот на Целје и полесно од очекуваното дојде до убедлив триумф од 39:23.
Словенечкиот шампион беше рамноправен до средината на првиот дел и во остатокот од дуелот немаше доволно сили да му парира на поискусниот ривал.
Предводник во екипата на Магдебург беше Омар Магнусон со осум погодоци. Кај Целје се истакнаа Лука Периќ, Анте Иванковиќ и Вид Качичник со по четири реализации.