Македонија отсекогаш имала квалитетни голмани, а уште еден доказ за тоа е најновиот избор на ТОП 5 одбрани во Лигата на шампионите.
Меѓу нив се најдоа одбраните на голманот на Порто, Никола Митревски и на чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ.
Порто славеше кај Целје со 30-29, со пресврт за кој најзаслужен беше македонскиот голман, а одбранетиот зицер на Жабиќ е на петтото место.
Еурофарм Пелистер загуби кај Алборг, но одбранетиот зицер на Бартолд, на Кизиќ му донесе место во ТОП 5.
Покрај Митревски и Кизиќ, во ТОП 5 се најдоа и одбраните на Мрква, Нилсен и Запоншек, а може да ги погледнете ТУКА.