Иако Куни Моралес и Тимур Дибиров заедно постигнаа 12 гола за Загреб, сепак хрватскиот тим го забележа и вториот пораз сезонава во ЕХФ лигата на шампионите. На хартија изгледаше дека ПСЖ као домаќин лесно ќе се справи со хрватскиот шампион Загреб кој пред гостувањето во Париз го смени тренерот, но французите победија со 35-31 (18-16) откако во последните десет минути целосно го скршија отпорот на Загреб.
За ПСЖ ова е втор трумф сезонава во А групата од ЕХФ лигата на шампионите, а Загреб останува без бодови, исто како и Еурофарм Пелистер.
Кога Милош Кос во 50 минута го намали резултатот на 31-30 се насетуваше драма во завршницата од натпреварот. И дотогаш Загреб постојано му „дишеше во врат“ на фавориизраниот ПСЖ кој тешко успеваше резултатски да се одлепи. Но, во тие клучни и решавачки моменти гостите од Хрватака не беа прецизни, па со два гола зголемија на 33-31. Кога не се користат шансите доаѓа казната, па откао Сипжак во 56 минута зголеми на 34-31 веќе беше јасно дека нема да има никакво изненандување. До крајот полскиот пивотмен уште еднаш погоди за конечните 35-31.
Но, почетокот на натпреварот најави дека Загреб нема што да загуби и доаѓа да се надигрува. По 10 минути игра Загреб имаше водство 7-6, а потоа и 10-9 во 15 минута. Се мачеше ПСЖ со секоја напад, а Загреб изграше некао многу полесно, без притисок. Карпо Сиротиќ во 25 минута му донесе ново водство на Загреб од 15-14. И тука застапа..
Со по два гола на Сипжак и на Никола Карабатиќ, за четири минути домаќините направија пресврт па дури и водство од 18-16 со кое се замина на одмор.
И во второто полувреме ПСЖ имаше водство, а Загреб секогаш беше тука на „мнус 1-2“ гола, но никако не ја мина таа граница, ниту успеа да израмни. Постојано ја бркаше негативата, а ПСЖ знаеше таа мала предност постојано да ја задржи.
Полскиот пивотмен Камил Симпжак имаше одлична вечер со 8 гола од 9 обиди, а Лук Стејн даде седум гола. Кај Загреб Куни Моралес даде седум гола, а пет постигна Тимур Дибиров.