Женската младинска репрезентација на Македонија денес ја очекува нов дуел во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Романија.
Ривал на избраничките на Јулијана Дамчевска ќе биде репрезентацијата на Србија, која во рамки од групата 4 има еден бод.
Без разлика на исходот од дуелот, македонската репрезентација ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место.
Младинките на Македонија во досегашниот тек од Европското првенство беа поразени на четири натпревари, од кои три беа во групната фаза.
По одигрувањето на денешните натпревари ќе биде познато и кои репрезентации ќе играат во полуфиналето на младинскиот континентален собир.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ХРВАТСКА – ИСЛАНД (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
12:00 СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
14:45 ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
14:45 НОРВЕШКА – ЧЕШКА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
16:30 ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
16:45 ИТАЛИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
16:30 ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
18:45 УНГАРИЈА – ДАНСКА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
18:45 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
19:00 ФИНСКА – СЛОВАЧКА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)