Европската ракометна федерација го објави списокот на екипи што ќе играат во третото по ранг европско клупско натпреварување, Европскиот Куп.
Во новата сезона од Европскиот Куп ќе играат и три екипи од Македонија – шампионот Ѓорче Петров, вицепрвакот Куманово и третопласираниот тим од минатата сезона Чаир. Вардар иако имаше право, не се пријави за учество во Европа.
Ѓорчепетровски се најдоа во првиот шешир пред ждрепката за второто коло, додека Куманово и Чаир ќе очекуваат ривал од првиот шешир. Има вкупно 64 екипи што ќе стартуваат од второто коло, по 32 екипи во двата шешири, а победниците ќе се пласираат во третата рунда.
Во оваа фаза меѓусебе може да играат две екипи од иста држава, па можеби ждрепката ќе донесе и македонски двобој. Натпреварите од второто коло се на 23/24 септември и на 30 септември/1 октомври.
Ждрепката ќе се одржи на 18 јули со почеток во 11:00 часот во Виена, а сите можни ривали на нашите екипи може да ги видите во продолжение…