Српскиот интернационалец Михајло Митиќ, веќе неколку сезони гради успешна интернационална кариера.
Десниот бек од Србија во Македонија имаше кратка авантура, не се задржа многу и играше само една сезона во тогашниот состав на Пелистер.
Тој во следната сезона ќе има нов предизвик, откако потпиша со амбициозниот тим од Романија, Бузау.
Митиќ во разговор за „Рукометни журнал“ се потсети на времето поминато во Битола.
,,Потпишувањето со тогашниот Пелистер беше одлична опција. Тогаш тренерското место во клубот го презеде искусниот Стевче Алушовски и на негова иницијатива добив повик. Беше навистина одлично да се работи со него и имавме еден добар тим. Многу ми се допадна тоа како функционира работењето и животот во Битола, прав ракометен град. Мислам дека како екипа имавме голем потенцијал, но работите не се поклопија како што посакувавме. Стевче замина од тренерската клупа и се сменија уште два тренери до крајот на натпреварувачка сезона”, изјави српскиот интернационалец.
26-годишниот ракометар својата кариера ја започна во Железничар од Ниш, а од 2016 година настапува низ Европа.