Познат е скратениот список на младинската женска селекција на Македонија пред стартот на Европското првенство во Романија.
Јулијана Дамчевска и нејзиниот асистент Дарко Јанев се решија за 17 ракометарки што ќе бидат во конкуренција за настап на континенталниот собир.
Од првичниот список од 22 ракометарки што беше објавен, отпаднаа шест (Анастасија Тодоров, Кристина Наумовска, Ива Велкова, Ана Марија Талева, Сара Богојеска и Дариа Спасовска.
Дополнителен повик имаше за Анастасија Трпеска од Ѓорче Петров, која заедно со Нина Попова и Александра Коловска ќе го сочинува триото на кружен напаѓач.
ЕП во Романија стартува на 6 јули, а Македонија е во група со селекциите на Данска, Чешка и Црна Гора.
Состав на Македонија:
голмани: Чурлиновска, Јовановска, Кирова
крила: Еленин, Ризоска, Равојска, Радевска
бекови: Стефаноска, Јанкуловска, Младеновска, Дукоска, Коцева Борјана, Коцева Бојана, Нестороска
пивоти: Коловска, Попова, Трпеска